Само за свесни родители
За само неколку месеци - детето може да стане првенец во одделението
Ги учиме децата да читаат 3-4 пати побрзо од вообичаеното и со тоа целосно ја разбираат содржината. Никакво механичко учење - сè е базирано на разбирање!
Додека редовното образование користи само лева хемисфера, ние ја активираме и десната - за креативност, бои, движење, ритам. Кога двете работат заедно, учењето станува како игра!
Колоритни мапи што се лесни за запомнување. Една визуелна мапа е вредна колку цел учебник! Децата учат да ги претворат сложените лекции во едноставни мапи.
Ги учиме децата на древни техники што ги користеле најголемите умови во историјата. Вашето дете ќе може да запомни список од 20 работи за само 5 минути!
Кога детето знае како да учи, автоматски станува посигурно. Ги учиме да презентираат со самодоверба и задржување на вниманието, да се изразуваат јасно потенцирајќи ги најважните податоци - вештини што ќе ги користи цел живот.
Учат за пократко време, а се сеќаваат подолго. Се радуваат кога треба да учат наместо да чувствуваат отпор. Им останува повеќе време за одмор и сите дополнителни работи што ги сакаат.!









Д-р Соња Ристовска е доктор на науки во областа на менаџментот на образование. Со повеќе од 20 години посветена работа во образованието за деца и возрасни, когнитивната психологија и педагогија, таа е признат експерт во развивањето и примената на иновативни техники и методи за учење кои го поттикнуваат детскиот развој и ги подобруваат резултатите од учењето.
Врз основа на знаења и искуства за системски пристап во работата со родители и деца, д-р Соња Ристовска постигнува одлични резултати во разбирањето и решавањето на грижите на секој родител кои произлегуваат од интелектуалниот и емоционален развој и процесот на учење на децата
Преку примена на техниките за учење кои навистина функционираат, преку 1200 деца научиле да читаат побрзо, да учат со задоволство и да постигнуваат подобри оценки.
Пристапот е едноставен: кога детето ќе научи како да учи, сѐ друго доаѓа природно.
Апсолутно! Нашите техники се базираат на научно докажани методи. На демо-часот веднаш ќе видите како детето почнува да чита побрзо, а притоа ја разбира содржината. Ова е немеханичко читање - децата ја сфаќаат суштината на текстот.
Првите резултати се видливи веднаш на демо часот! За трајни промени, препорачуваме минимум 6 месеци редовна настава. Во тој период детето ќе ги совлада сите 4 основни столба: брзо читање, асоцијативни мапи, мемориски техники и презентациски вештини.
Редовното образование ја користи главно левата мозочна хемисфера. Ние ги активираме двете хемисфери, што го прави учењето како игра. Не учиме нови предмети, туку учиме КАКО да се учи - што е вештина која им служи цел живот.
Моментно нудиме само физичка настава во нашите простории во Аеродром. Ова е важно бидејќи нашите техники бараат директна интеракција, практични вежби и персонализиран пристап кој најдобро функционира во групна средина.
Само 1 час неделно во група + 15 минути дневно дома за вежбање. Многу помалку време отколку што сега троши на домашни задачи, а резултатите се инзворедни! Родителите често кажуваат дека детето сега изработува домашна задача за 30 минути наместо за 2 часа.
Нашите истражувања покажуваат дека 92% од децата што ја завршиле програмата покажале значително подобрување. Секое дете е различно, но нашите техники се базираат на тоа како функционира човечкиот мозок - тие се универзални.
Нашите инструктори се искусни, образовани и докажани на личен и професионален план. Посветено ги следат резултатите на учениците и даваат дополнителна поддршка на секој ученик. Сертифицирани се за реализирање на програмата за брзо читање и мудро учење.
90% од децата се заљубуваат во нашите техники од првиот час! Учењето го правиме како игра - со бои, мапи, движења. Децата не чувствуваат дека "учат", туку дека се забавуваат. Ако детето не сака да дојде, тоа значи дека не ги применуваме техниките правилно - и тогаш ги менуваме.
Ова е најголемата корист! Техниките што ги учи сега ќе му служат цел живот. На факултет ќе може да прочита еден учебник за 2 часа наместо за цел ден. Ќе запомнува лесно за испити. Многу наши ученици стануваат одлични студенти токму благодарение на овие техники.